Шарената револуција која вчера во кафе барот Излет собираше финансиски срества за демонстрантите кои заработија кривични пријави собрала над 955.000 денари, или околу 15.500 евра, објави Шарената револуција на својот Фејсбук профил.
Тие вчера истакнаа дека со собраните средства најпрво ќе се плати казната на Здравко Савески и Никола Куновски, обвинети дека ја уништиле канцеларијата на Иванов на Рекорд, а потоа ќе ги плаќаат и казните на демонстрантите кои се обвинети за боење на државните институции и триумфалната порта.