(ВИДЕО) Шарената револуција со ултиматум до 18 јуни

Од:

Работите ќе ги превземеме во свои раце. Дојден е часот да ставиме крај на оваа криза и овој режим. Првиот чекор беше повлекување на аболицијата и тоа се исполни. Два следни чекори се Уставниот суд да се произнесе за устaвноста на СЈО. Тоа не смее да биде проглaсено за неуставно. Следното барање е да запре прогонот и да се ослободат демонстрантите. Рокот за исполнување на овие барања е 18. јуни. Во спротивно се ќе превземеме во свои раце, рече вечерва пред Владата, Симона Спировска во името на Шарената револуција,

Таа кажа и дека останатите барања се оставка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна Влада како и итно формирање на специјален суд, каде ќе се процесуираат предметите од Специјалното јавно обвинителство. Дополнително, во преговорите мора да биде вклучен и НВО секторот, а се бара и оставка на Ѓорге Иванов.

Освен ултиматумот, демонстрантите најавија дека во среда ќе го блокираат сообраќајот во Скопје и ги повикаа граѓаните за поддршка и разбирање.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски