Шахпаска: Сите ние, не 16 туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство

Од:

За да се овозможи соодветен одговор на сите форми на насилство врз жени и девојчиња потребно е спроведување сеопфатна политика за борба против насилството, политики кои ќе бидат елемент на демократското и транспарентно владеење, кое ја чини суштината на владеење на правото.Токму затоа како Министерство посветено работиме за подобрување и креирање национални политики, превенција и заштита на жртвите на насилство.

Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на онлајн настанот „Нулта толеранција за насилството врз жените и семејното насилство“. Организатор на настанот е Министерството за труд и социјална политика по повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените – 25 ноември.

Шахпаска, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), порача сите ние, не 16 туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство.

– Овој ден не треба да се чествува, затоа што ние не празнуваме, туку ја подигнуваме светста на целото општество за борбата која не треба да трае само во престојните 16 дена активизам,туку борбата против насилството врз жените, родово базираното насилство и семејното насилство е наша обврска како граѓани, носители на одлуки, политичари, како општество да трае во континуитет, истакна министерката Шахпаска.

Таа се осврна на историскиот момент на жената во семејството, родовите стереотипи, подредената позиција на жената и доминацијата на мажот кога се работи за функционирањето на семејството како основна општествена клетка. Потенцираше дека потпишаната ратификација на Истанбулската конвенција во 2017 година значи и преточување на одредбите во законско решение, всушност тоа е и суштината на новиот Закона за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој е во собраниска процедура.

-Очекувам низ една широка, транспарентна дебата заедно и власта и опозицијата, да ја отвориме расправата на овој закон, затоа што насилството не препознава општествен или имотен статус, ниту верска или политичка определба.Тоа е реалноста за која сите отворено треба да говориме, да превенираме и заштитиме, истакна Шахпаска.

Министерката Шахпаска, како што се наведува, зборуваше и за значењето на новиот Предлог- закон, кој во себе вклучува превенција, механизми на спречување и зштита од насислтво, но исто така и санкции за непостапување со должно внимание и за институциите, во спротивно жртвата има можност да поднесе тужба за непостапување и се однесува на сите кои се вклучени во процесот за реагирање при насилство како Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, за внатрешни работи, Органите на државна управа, се до единиците на локална самоуправа.

Како што соопшти МТСП, на настанот покрај министереката Шахпаска, учествуваа и министрите за образование и наука, за здравство и за внатрешни работи Мила Царовска, Венко Филипче, Оливер Спасовски, државниот секретар на МП Тасевска и претставници од меѓународните и граѓански организации, Росана Дуџиак, (UN Resident coordinator), Весна Ивановиќ Кастареде(UN WOMEN), Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жените и останати учесници.

Би можело да ве интересира

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Предраг Петровиќ

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска