Шахпаска: Се повеќе деца се враќат во градинките, состојбата е стабилна

Од:

Состојбата во градинките е стабилна, во последната недела се забележува помал број на оние што одат во изолација и зголемување на бројот на деца што се вратиле во градинките.

Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одговорајќи на новинарско прашање при денешното пуштање во употреба на нова градинка во населеното место Миладиновци.

-Состојбата во градинките е стабилна. На дневно ниво ги пратиме податоците што доаѓаат кај нас како Министерство. Се потврдува трендот што го најавив минатите прес-конференции и денес. Кај бројот на новозаразени како на вработени, така и на деца има тренд на намалување. Трета седмица имаме намалување на бројот на оние што одат во изолација, изјави Шахпаска.

Таа, додаде, дека бројот на оние кои одат во изолација е помал од оние што се враќаат. Имаме зголемување на децата што се вратиле во градинките за околу 500.

Според неа, тоа покажува дека во градинките доследно се почитуваат протоколите од вработените, дека нема ширење на пандемијата внатре меѓу вработени и децата и децата вирусот доаѓа од надовр.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска

Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки