(ВИДЕО) Шахпаска: Ако доследно се почитуваат протоколите, ќе се заштити здравјето на децата и вработените

Од:

Во градинките „Детска радост“ и „25 Мај“ во Општина Гази Баба нема дечиња и вработени позитивни на корона вирусот. Ова, според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, е пример дека доколку доследно се почитуваат здравствените протоколи, ситуацијата може да се стави под контрола и да се заштити здравјето и на децата и на вработените.

– Ова е приказна којашто треба да биде пример и за останатите установи за сместување на деца, порача Шахпаска при денешната посета на градинката „Темјанушка“ во истата општина.

Според Шахпаска, евидентни се резултатите што ги прави локалната власт во Гази Баба во однос на реконструкцијата на градинките и безбедните услови за престој на најмалите.

Во градинката „Темјанушка“, за која се обезбедени средства од Владата, заменети се прозорците и подот и реновирани се санитарните јазли. Во градинката во Јурумлери и во градинките „Морковче“ и „Калинка“ е проширен опфатот за згрижување на деца, а при крај се и градежните активности во градинката во Стајковци. Со шест милиони денари се реконструира и кујната во детската градинка во Железара.

– Исто така, како Министерство целта ни е да правиме децентрализација на социјалните услуги во локалните средини таму каде што и граѓаните престојуваат, каде што живеат и оттука и потребата за отворањето на собата за аутистичен спектар на нарушување која што ќе вклучува не само деца од предучилишна, туку и на повозрасни деца од училишна возраст претставува приоритет и затоа Општината аплицира во МТСП, а ние како Министерство пред подготовка на новиот буџет за 2021 година ги разгледуваме сите апликации и носиме одлука кои за следната година ќе бидат финансирани за имплементација, рече Шахпаска.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски ги спомена капиталните проекти кои Општината заедно со МТСП ги извршила во детските градинки во текот на месеците јуни, јули, август и септември во оваа општина.

– Во детската градинка во Јурумлери и во градинките „Морковче“ и „Калинка“ во Железара ги проширивме нивните капацитети за нови 220 места за сместување за нови деца. Исто така, при крај е завршната фаза во градинката во Стајковци, којашто е во вредност од 30 милиони денари средства од Општината. На 15 ноември треба да завршат финалните работи во делот на уредувањето, а опремата би требало да е подготвена од МТСП. Летниот период го искористивме и за подготовка за новиот прием од 7 октомври за да можат безбедно да се чувствуваат во детските градинки. На овој начин променивме и во делот на ефикасните фасади, тука во „Темјанушка“ инвестиравме над 10 милиони денари. Со шест милиони денари преку ХАСАП системот ја реконструираме новата кујна во детската градинка во Железара. Не застануваме тука. Со идејни проекти за две нови градинки во Ќерамидница и во Трубарево аплицираме во Министерството за труд и социјална политика, како и за Дневниот центар за деца со посебни потреби и сензорната соба во Железара, изјави градоначалникот Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа