СЕП: Успешен состанок на работната група за евроинтеграции, договорени активности важни за двете земји

Од:

Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека денеска во Софија, македонската владина делегација составена од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерoт за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерoт за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и генералниот директор на Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули, во позитивна атмосфера, имаа продуктивен состанок со колегите од бугарската Влада, на кој дискутираа за тековните активности и следните заеднички проекти во делот на добро владеење, животната средина, дигиталната трансформација и владеењето на правото.

Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ на почетокот на состанокот го истакна задоволството од досегашната комуникација со бугарските колеги и дека очекува предлози и идеи кои ќе дадат конкретни резултати, од полза и за граѓаните од двете страни на границата и за нашиот евроинтеграциски процес.

– Непосредната комуникација и секторската соработка е одличен начин за продлабочување на односите. Соработката преку размена на искуства и добри практики во областите клучни за нашиот евроинтеграциски процес, како владеење на правото, зелената агенда и дигиталната трансформација, кои за нас се од исклучително значење. Затоа очекувам проекти кои ќе бидат додадена вредност во спроведувањето на реформите, рече вицепремиерот Маричиќ.

„Во дискусијата за политиките за добро владеење, заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска и нејзината бугарска колешка Калина Константинова го поздравија одличниот почеток на соработка во оваа широка област. Грковска изрази благодарност до бугарската страна за споделувањето на искуствата од Оперативната програма за добро владеење, која отвора широко поле за соработка помеѓу двете земји на среден и долг рок. Двете страни исто така дефинираа серија активности кои ќе следат во наредниот период со посебен фокус на зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор, градење на капацитетите на јавната администрација и размени и споделување на искуства во превенција и борбата со корупција.

Министерот за информатичко општество и администрација, Алити, заедно со неговиот бугарски колега Божидар Божанов, министер за електронско управување на Република Бугарија, се договорија во определен временски рок двете институции да почнат да соработуваат и да разменуваат искуства со цел да развиеме прекугранични електронски услуги за граѓаните и заедничко признавање на доверливите услуги и електронска идентификација.

Во рамки на состанокот министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, заедно со бугарскиот колега, вицепремиер за климатски политики и министер за животна средина и води на Република Бугарија, Борислав Сандов, потпишаа двегодишна Програма за спроведување на Договорот за соработка меѓу двете министерства во областа на животната средина и управувањето со водите, потпишан 2019 година. Министерот Нуредини истакна дека со потпишувањето на Програмата се потврдуваат заедничките заложби за подобрување на билатералната соработка меѓу двете држави преку спроведување на конкретни активности за поквалитетна заштита на животната средина и активно вклучување во реализација на заеднички иницијативи.

Следејќи ги заложбите на двете влади, за зголемена динамика на соработка и имплементација на заеднички проекти, директорите на двете поштенски управи, потпишаа Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Северна Македонија, со што се отвора една нова страница во односите помеѓу двете поштенски управи. Активностите што ќе произлезат од овој Меморандум, во иднина, и на граѓаните и деловната заедница од двете држави, ќе им обезбедат поквалитетни и поефикасни поштенски услуги“, велат од СЕП.

-Убедени сме дека секој во рамки на своите институции, со сопствена иницијатива и одговорност, може да придонесе да се отвори нивна страница во односите на двете земји, преку олеснување на комуникацијата помеѓу граѓаните и деловните субјекти, рече на средбата директорот Макрадули, потенцирајќи дека иако денес се потпишува Меморандумот, двете поштенски управи веќе преземаа активности за практична имплементација.

Следната средба на работната група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото ќе се одржи на почеток на месец април, во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески