СЕММ: Онлајн медиумите најмногу ги прекршуваат етичките и професионалните стандарди на новинарството

Од:

Етичките и професионалните стандарди на новинарството најмногу се прекршуваат од онлајн медиумите – 76,5 отсто, а потоа од телевизиите – 17,6 отсто, а од печатените весници и неделниците – 4,4 отсто, покажува бројот и видот на претставките што минатата година беа упатени до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија.

„Од вкупно 68 поплаки поднесени до Комисијата во текот на минатата година, најголем број се од граѓаните – 33,8 отсто, потоа од медиуми и новинари – 25 отсто, од организации и здруженија од граѓанскиот сектор – 22,1 отсто, а од носители на јавни функции, институции и политички партии – 19,1 отсто. Од донесените 68 одлуки, во 38 случаи Комисијата утврдила прекршување на Кодексот на новинарите и изрекла морална санкција, а 16 жалби биле неосновани или надвор од надлежноста на Комисијата“, се наведува во соопштението од СЕММ.

За СЕММ, како што посочуваат, најзагрижувачки е фактот што најголем дел од прекршувањата се однесуваат на основните правила на етичкото новинарство: објавување точни, проверени и сеопфатни информации во 60,5 отсто од случаите и разграничувањето на фактите од мислењето на новинарот во 34,2 отсто од случаите). Во 31,5 отсто од регистрираните случаи новинарите не ја негувале културата на говор и не го почитувале принципот на примерна комуникација со јавноста.

Од СЕЕМ посочуваат дека особено загрижува тоа што 23,7 отсто од вкупниот број поплаки се однесувале на медиуми кои во јавноста ширеле говор на омраза, употребувале дискриминирачки искази или поттикнувале стереотипи, и на тој начин им нанесувале сериозна штета на припадниците на одделни групи.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов