СЕММ: Има неетичко и непрофесионално известување, и политизирање на корона кризата

Од:

Две третини од сите пријави до Советот за етика во медиумите (СЕММ) се однесуваат на известувањето на медиумите во врска со пандемијата на коронавирусот. Од нив 39 проценти се за обајавување неточни и непроверени информации, а 35 отсто за сензационалистичко известување.

– Едностраното и шпекулативното известување во вакви услови може дополнително да ја зголеми вознемиреноста и паниката и да поттикне нерационално однесување од страна на граѓаните, се вели во реакцијата на СЕММ на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување.

Од моментот на прогласување на вонредната состојба до денес, до Комисијата за жалби при СЕММ се пријавени 47 случаи на непрофесионално и неетичко известување.

– Од нив, најголем дел (31 жалбa или 66 отсто од случаите) се однесуваат на известувањето околу пандемијата на коронавирусот. Прекршување на членот 1 од Кодексот на новинарите, кој се однесува на објавувањето точни и проверени информации е утврдено во 39 проценти од пријавените случаи, додека прекршување на членот 8 од Кодексот на новинарите, односно сензационалистичко информирање е утврдено во 35% од пријавените случаи, информираат од СЕММ.

Јавноста, стои во соопштението од СЕММ, реагира и на обидите за политизирање на кризата околу коронавирусот во медиумите, а во дел од пријавените случаи до СЕММ утврдено е дека новинарите не обезбедуваат професионална дистанца од политичките субјекти, односно се прекршува член 14 од Кодексот на новинари – 32 проценти.

– Медиумите не смеат да бидат искористувани за поделба на луѓето преку различни политички пресметки, а коронавирусот не смее да биде ‘оружјето’ што ќе се користи од кои било политичари, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, за политичко поентирање, се вели во реакцијата од СЕММ.

Во 16 проценти од случаите станува збор за прекршување на членот 12 од Кодексот на новинарите, според кој плагијаторството е неприфатливо, а цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот. Доколку информацијата е преземена, изворот мора да биде наведен.

Во овој контекст, СЕММ ги повикува медиумите јасно и експлицитно да го наведуваат изворот и авторот при преземање на содржини од друг медиум или од социјалните мрежи

– Позитивна практика е што се зголемува бројот на случаи решени низ медијација, а во оваа насока Комисијата за жалби при СЕММ ја поздравува и подготвеноста на медиумите да се коригираат кога ќе се утврди пропуст во содржината, стои во реакцијата на СЕММ.

СЕММ продолжува да го набљудува начинот на информирање на медиумите, како на оние кои се дел од членството, така и на оние кои сѐ уште не се негови членки и ќе повикуваме на доследно почитување на Кодексот на новинарите како предуслов за професионално известување.

Саморегулацијата, се вели во соопштението од СЕММ, е единствениот сигурен начин медиумите да ги подобрат своите практики на известување, притоа заштитувајќи ја слободата на изразување и известување, без да соочат со други механизми на контрола или „судење“ за нивната работа.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски

Промовиран Водич за интегритет на медиумите: Испреплетеноста на медиумската сопственост со уредништвото предизвикува сериозна загриженост околу новинарската независност