Семејно насилство во Кисела Вода

Од:

Педесетгодишна скопјанка со иницијали Ж.П. вчера во полициската станица Кисела Вода пријавила семејно насилство.

Според пријавата, додека Ж.П била во кујната од семејната куќа, нејзиниот сопруг Л.П. (57) со кој била во постапка за развод, во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што и нанел расекотини, црвенило и модринки.

– Нивниот син, Д.П. (22), обидувајќи се да ги раздели бил нападнат од неговиот татко кој го удирал со тупаници, го фатил за врат и почнал да го дави, нанесувајќи му видливи повреди. За кратко време Л.П. повторно ја нападнал Ж.П. и при тоа ја искршил целата покуќнина од кујната и останатиот дел од куќата, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.

Околу 12:30 часот од Ургентниот центар во Скопје било пријавено дека Л.П. има убодна рана од остар предмет во пределот на грбот над бубрезите, односно констатирани му биле тешки телесни повреди (повреда на пршлен, прободена слезина и прободен бубрег).

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов