Селмани: Ахмети ја почна кампањата против референдумот

Од:

Али Ахмети ја започна кампањата против референдумот за името со изјавата дека нема сила што ќе го попречи договорот со Грција, напиша претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.

Оваа неодговорна изјава на Ахмети, пишува Селмани, може да ги одврати Македонците да го поддржат референдумот.

„Со тоа Ахмети се оглушува на сугестиите на еден важен западен дипломат во Скопје, ДУИ за затне муцка затоа што со нивните несмасни изјави може да ги иритираат уште повеќе противниците на договорот во македонскиот камп. Разбирам зошто Ахмети го минира референдумот затоа што е свесен дека ако тој успее, Македонија влегува во НАТО и започнува преговори за членство со ЕУ. Демократизацијата и европеизацијата на Македонија го ограничува маневарскиот простор на измамници политичари произлезени од марксистички и ленинистички идеолошки кружоци во нивните напори да преживеат политички продавајќи магла на Албанците“, напиша Селмани на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата