Села обвини дека Мерко со манипулации влегол во вториот круг од изборите во Струга

Од:

Лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села и премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска, на маргините од „Самит 100“, во Скопје, разговарале за политичката ситуација во Макеоднија и за штотуку завршениот прв круг од локалните избори.

– Разговорот најмногу беше фокусиран на проблемите со кои Македонија се соочува во процесот на евроинтеграции и членство во НАТО. Албанија секогаш ќе биде голем пријател на овој процес, како и за решавање на проблемот со Грција во врска со името, изјави Села по средбата.

Запрашан дали партијата на овие локални избори освои повеќе гласови од ланските парламентарни само заради неговата националистичка реторика Села децидно негираше дека тој и партијата имале националстичка реторика.

– Не, немавме националистичка реторика. Себе си не се сметам за националист, туку за правичен човек, кој бара трајно решение за државата, за долго да живееме во мир и слога, изјави Села

Коментирајќи го првиот круг од изборите во Струга, каде освои најмногу гласови и во вториот круг ќе се најде со кандидатот на ДУИ, Рамиз Мерко, лидерот на Алијанса на Албанците изјави дека според нивни партиски информаици, Мерко дури и не поминал во вториот круг.

– Станува збор за манипулација на изборите. Ние како партија немаме членови во изборните комисии, туку само набљудувачи. Мерко влезе во вториот круг како резултат на манипулација за која размислувам да поднесам ’тужба за манипулација на изборите’. За мене, како дел од владината коалиција, многу е важно зборот реформи да има вистинско значење, бидејќи прашањето е дали вистински сме за реформи или само се сменети актерите. Во Струга се случи сценариото што го слушнавме за локалните избори во 2013 година и мислам дека државата треба повеќе да се фокусира не само на местата каде се гласа иили на 50 метри околу нив, туку и надвор од овие места, посочи Села.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Предлог-Буџетот не е развоен, тој мора да се избалансира, a државната каса да се надополни