Села му се налути на Заев, не доаѓа на средба

Од:

Лидерот на Алијансата за Албанците , Зијадин Села одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше да разговараат за консензуален кандидат за претседател. Одлуката на Села следува откако министерството за образование ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Гостивар , Арбен Таравари да именува и разрешува директори на училиштата. За Алијансата за Албанците ваквата одлука е политичка, а Таравари побара премиерот Заев да го разгледа целиот случај.

„Оваа одлука дојде од централната власт, т.е. од партиите ДУИ и СДСМ (иако верувам дека вторава нема голема улога во одлукава). Морам да истакнам дека од страна на нашата општина, и покрај лошите услови нема никаква повреда која води кон ваква флагрантна одлука“, обвини Таравари на „Фејсбук“.

Од СДСМ потврдија дека денеска нема да се одржи средбата Заев-Села, а за утре најавија дека премиерот ќе се сретне со лидерот на Беса , Билал Касами. Претходно Заев се сретна со Ахмети, Тачи и Гаши со кои се договори консултациите да продолжат во партиските органи за тоа кој би можел да биде консензуален претседателски кандидат.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда