Села: Без паника, коронавирусот ќе помине како и секој друг сезонски грип

Од:

Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците излезе со најоптимистичка порака по завршувањето на лидерската средба во Владата.

„Оваа ситуација ќе помине како и сите други. Ова е нов вирус, но последиците од овој вирус не се различни од оние во минатите години на сезонските грипови. Секогаш како последица на сезонски грипови во болница завршуваат хронично болни лица, бидејќи им се комплицира состојбата“, изјави Села и ги повика фармацевтските компании да не прават злоупотреби во однос на зголемувањето на цените за да направат профит.

Сепак, посочи тој, постои проблем во однос на менаџирањето на здравствениот систем.

„Се додека се соочуваме со недостиг од маски и дезфициенси, се е тоа проблем на здравствениот систем. Значи ние имаме кадри, ама здравствениот систем не е менаџиран како што треба. Со Таравари почнаа работите да одат на позитивен пат, но оттогаш не гледам дека нешто оди во подобра насока“, рече тој.

Биљал Касами од Беса рече дека неговата партија ќе ги почитува сите препораки кои ги дала Владата, а во однос со ситуацијата со коронавирусот.

„Ние ќе ги почитуваме сите мерки и препораки дадени од Кризниот штаб, до 24ти март се забрануваат секакви активности и собири. Но, истовремено треба да бидеме свесни дека сме во предизборна кампања и се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри и нема да мора да ги одложиме изборите“, рече тој.

Касами рече дека се надева дека ова нема да влијае на можноста политичките партии да ги пренесат своите пораки и идеи до гласачите во предизборниот период.

Би можело да ве интересира

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

Касами: Поддршката на aлбанската академија на науки и уметности е договорена

А1он

Села: Европската Унија за Македонија е единствено решение

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност