Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Од:

На политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако Вие се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор, вели премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали СДСМ, со неучеството на лидерската средба остава простор за Левица да биде главна опозициска политичка партија.

-Дали тоа ќе биде таа политичка партија за којашто вие говорите, дали некоја друга, дали некоја можеби нова, трета, не знам. Но, во суштина, кога вие го напуштате просторот политички, тогаш некој друг тој простор ќе го запоседне. Едноставно така функционираат работите во животот, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по неговата посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.

Мицкоски, исто така, нагласи – ние сме Влада, сме ја добиле довербата од граѓаните и треба да се однесуваме зрело.

-Доколку некои политички партии одлучиле да се однесуваат незрело, тоа е нивен проблем. Доколку мене би ме прашале за совет, мојот совет би бил да се појават на таква лидерска средба и да поразговараме за темите кои што се важни за разговор и за граѓаните, нагласи Мицкоски.

Сите присутни на лидерската, Мицкоски подвлече дека по средбата, дале изјава во којашто „јасно ја потенцираа конструктивноста на истата и дека на таа лидерска средба изоболувало, квалитет, предлози, мислења и т.н.“

-Мене како организатор и претседател на Владата тоа ми претставува задоволство. Тоа што СДСМ одлучи да се самоисклучи, тоа е одлука пратпоставувам на актуелното раководство на СДСМ. Повторно ќе кажам, кога мене би ме прашале за совет, јас не би им го советувал тоа, но тоа е нивна одлука, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник