Седумдесет и три години од ослободувањето на Кавадарци

Од:

Седумдесет и три години од ослободувањето од фашистичката окупација, одбележува денеска Кавадарци. Чествувањето на празникот започна со положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци на градскиот плоштад.

– Градот е ослободен од борците на деветтата Македонска народно-ослободителна бригада, на чие чело се наоѓал командантот Најдо Стаменин-Орлов. По ослободувањето, бил организиран митинг на кој присуствувало речиси целото население на Кавадарци. Говорел и политичкиот комесар на оваа бригада Ристо Стојанов-Железни, а била организирана и општонародна прослава, потсети историчарот Петре Камчевски во изјава за медиумите.

Тој нагласи дека слободата на Кавадарци била многу скапо платена.

– Во текот на НОВ и Револуцијата 1941-1945 година од Кавадарци загинале вкупно 333 борци. Тројца од нив се прогласени за народни херои, рече Камчевски, кој е директор на кавадаречкиот музеј.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски