Седум часа по несреќата Чаир во шок од смртта на браќата

Од:

Седум часа по несреќата во Чаир, десетици граѓани попладнево сѐ уште стојат пред дупката каде што напладне при ископ на канал загинаа двајца браќа. Чаир е во шок. Жителите сѐ уште раскажуваат што се случило на локацијата во близина на поликолиниката Чаир на улицата Ресенска, каде се изведувале градежни работи.

Општината соопшти дека несреќата се случила додека татко со двајцата синови и уште еден роднина, без одобрение приклучувале одвод на постара зграда на која и е направена доградба.

Обвинителствоото сооопшти дека просторот на којшто работеле е всушност паркинг, а тие ги извадиле бекатон блочките и ископале канал за одвор. Во каналот се гледа дека при ископот тие наишле на бетонска подлога, којашто е искршена.

„Се се случувало за миг”, раскажуваат очевидци. Според првичниот увид, несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација. Четири лица, татко, двајца синови и близок роднина, копајќи во близина на паркинг, ги поместиле плочките бекатон и ископале дупка за поставување на цевките.

„Во моментот кога во ископот се симнале три лица, се урнала дел од земјата која била околу ископот, при тоа затрупувајќи целосно две лица. Од настанатите повреди браќата, на возраст од 26 и 28 години починале на лице место. Третото лице, нивен роднина кој бил со нив во ровот бил делумно затрупан и се здобил со телесни повреди“, велат од Обвинителството.

Неколку часа по несреќата, на локацијата сѐ уште се собираат граѓани, кои молчешкум се доближуваат до работ на каналот и гледаат во него.

Увидот на полицијата е обвинителството заврши. Се чекаат резултатите од обдукцијата. Во меѓувреме тргнати се лентите коишто полицијата ги постави на местото на трагедијата. Но, останува ископаната дупка која е необезбедена, необележана и е потенцијална опасност за минувачите.

Багерот којшто го управувл таткото чии два сина загинаа во нереќата, сѐ уште е паркиран во близина на каналот каде што бил вршен ископот. На багерот нема ознаки на фирма. Покрај него стои и цевката за одвод којашто било планирано да биде поставена во каналот.

Бидејќи ископот е на френкветната улица Кемал Сејфула во Чаир, граѓани во групи постојано наминуваат и се распрашуваат како се случила несреќата.

Со цел утврдување на причините за несреќата и смртта на двајцата браќа, јавниот обвинител издал наредба за прибирање на податоци во врска со постоењето на градежна дозвола за вршење ископ, во однос на инвеститорот, како и изведувачот на работите.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Насилство во Чаир: Жена е нападната од нејзиното момче

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

МВР: Прекршочна постапка против општините Чаир и Тетово и нивните градоначалници

Горан Наумовски

СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“

Предраг Петровиќ