Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за труд и социјална политика, за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за одбрана и безбедност.

На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог – законот за јавнообвинителска служба, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, сите во второ читање. Ќе се расправа и по годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година и за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2014 година.

Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, во прво читање е единствена точка на седницата на Комисијата за труд и социјална политика.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе дискутираат по Предлог – законот за изменување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во прво читање.

Предлог-законите за изменување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за безбедност на храната, сите во прво читање се на агендата на седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На денешната седница Комисијата за одбрана и безбедност на дневниот ред ја има Предлог – одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската Унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за образование, наука и спорт, за економски прашања, за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисија за образование, наука и спорт ќе расправаат по предложените измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард и на Законот за учебници во основно и средно образование, како и за Предлог-законoт за дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, сите по скратена постапка.

Предлог-законот за изменување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка, е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за економски прашања.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во скратена постапка.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет на агендата го имаат Предлог-законот за задолжување на М-НАВ АД Скопје со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација-втора фаза без државна гаранција, по скратена постапка.

На дневен ред на Законодавно-правна комисија се повеќе предлог-закони по скратена постапка, како Законот за Бирото за развој на образованието, за студентскиот стандард, за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование, за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, за трговските друштва и Предлог-законот за задолжување на М – НАВ АД Скопје со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација – втора фаза без државна гаранција.

Би можело да ве интересира

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка проследен на натамошна собраниска постапка

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

ЕК бара објаснувања од поранешната потпретседателка на институцијата Нели Крус поради „Досиејата Убер“