Седници на неколку собраниски комисии

Од:

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за здравство, Законодавно-правната комисија и постојаната Анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Предлог – законите за тутун, производи од тутун и сродни производи, за услуги, за акцизите, како и предлог-законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за класифицирани информации и за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, сите во второ читање се на дневниот ред на седницата на Комисијата за европски прашања и на Законодавно-правната комисија. Членовите на Зкаонодавно-правната комисија, како што е најавено, ќе дискутираат и по Предлог – законот за инспекциски надзор и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, во прво читање.

Предлог-закон за прекинување на бременоста, во второ читање е единствената точка по која ќе расправаат пратениците на седницата на Комисијата за здравство.

Членовите на постојаната Анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот ќе имаат јавна расправа на тема „Заштита на човековите права – Пресудите на Европскиот суд за човекови права“.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on