Се зголемува свеста за селектирање отпад, младите помалку го прават тоа

Од:

Зголемена е свеста кај граѓаните за селектирање на отпадот, но младите од 18 до 30 години во значително помал број селектираат отпад, покажува најновото истражување направено од страна на компанијата „Пакомак“ во текот на февруари годинава.

Резултатите од направената анализа укажуваат дека постои напредок во подигнувањето на свесноста за селектирање на отпадот, односно нешто повеќе од една третина од граѓаните во најголемите градови во државата имаат развиено навика секогаш или често да селектирааат отпад, што во однос на 2017 година претставува раст за 3,1 проценти. Тоа значи дека четири од десет граѓани секогаш или често селектираат отпад.

Годинава, Прилеп и Струмица се градовите во кои граѓаните повеќе селектираат отпад за разлика од 2017 година кога предничеле Битола и Скопје. Според анализата, жените и граѓаните на возраст над 45 години повеќе селектираат отпад отколку мажите и помладите на возраст до 45 години.

Убедливо е мнозинството на граѓани кои селектираат генерално пластиката (82%) но, и стакло (42%) кои ги сметаат за посебен вид на отпад за селектирање. Потоа следи хартијата со (34%).

Оние граѓани кои изјавиле дека никогаш не селектираат отпад, сметаат дека главни причини за тоа се недостатокот на контејнери/канти за селектирање (79%), како и немањето навика за тоа (35%). Сепак, од 2017 до 2019 година, перцепцијата за достапноста на контејнери за селектирање отпад е зголемена од двајца на тројца од десет граѓани.

Прилеп, Охрид, Скопје и Битола се градовите каде, според мислењето на граѓаните, достапноста на контејнери е поголема во однос на другите градови.

Од граѓаните кои изјавиле дека немаат достапни контејнери, 94 проценти изјавиле дека би го користеле контерјнерот доколку им стане достапен. Оваа интенција за користење, како што наведуваат од компанијата, треба да се земе со резерва бидејќи граѓаните често даваат „социјално прифатливи одговори“.

Во однос на информираноста и задоволството во однос на компаниите кои се надлежни за селектирање и рециклирање отпад значајно мнозинство (76%) од граѓаните сметаат дека јавните комунални претпријатија се надлежни за селектирање на отпадот за рециклирање.

Годинава, со анкетата беа опфатени поголем број испитаници од различни старосни групи, поголем број на градови, а зголемен бил и анкетниот прашалник.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло