А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Се зголемува книжниот фонд на кочанската библиотека „Искра“

by А1он22/05/2017 - 16:01195
Share0

Во библиотеката „Искра“ од Кочани континуирано се зголемува книжниот фонд, кој сега изнесува 99.109 книги од кои 49.372 се книги наменети за возрасни, додека 27.458 се наслови наменети за деца.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Минатата година набавивме 1.166 наслови со 3.847 примероци на книги од кои со сопствени средства се купени 664 наслови или 2.371 примерок, изјави Марија Анастасова, од кочанската библиотека.

Таа истакна дека со проектот на Владата минатата година библиотеката од Кочани го зголемила книжниот фонд за 191 наслов или 491 примерок на книги.

Тенденцијата за зголемување на книжниот фонд, нагласи, продолжува и годинава. Досега се набавени стотина наслови претежно училишна лектира и белетристика, додека од прокетот на Владата се добиени 10 наслови со 60 примероци стручна литература.

Следете a1on на Youtube YouTube

Библиотеката од Кочани посебна грижа води за зголемување на бројот на читателите. Досега во библиотеката бројот на членовите изнесува 1.700 со тенденција за негово зголемување. За ваквиот интерес за членување во библиотеката посебно место има начинот на популаризација на книгата кај најмладите читатели, особено кај првачињеата кои стануваат членови на библиотеката по автоматизам.

bibliotekakocani

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 15:16

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он06/06/2026 - 12:5006/06/2026 - 12:32

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:1726/05/2026 - 14:24

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ20/05/2026 - 17:2620/05/2026 - 17:26

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:31

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 10:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто