Се збратимуваат општините Чаир и Прешево

Од:

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, денеска беше домаќин на градоначалничката на српската општина Прешево, Ардита Синани, и претседателот на Советот на Прешево, Сами Салиху. Ганиу со нив „разговараше за многу прашања што се од заеднички интерес за двете општини, како и за благосостојбата на жителите што живеат во нив“, соопштија од општина Чаир.

Како што информираат од општина Чаир, Ганиу ја информирал Синани дека значителен број жители на Општина Чаир имаат потекло од Прешево и регионот, но исто така и дека тие имаат семејства таму и продолжуваат да ги одржуваат тие семејни врски.

-Следствено, се согласивме со Ардита Синани двете општини Чаир и Прешево, да ги започнат постапките за збратимување, така што ќе ги приближиме нивните жители уште поблизу едни до други, но исто така и нашите две институции ќе можат да соработуваат во многу области кои директно би влијаеле на локалниот економски развој, рече Ганиу во изјавата за медиумите по средбата со градоначалничката на Прешево.

Би можело да ве интересира

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи го најави проектот „Плоштад Лирија“ кој предвидува целосно решавање на сообраќајниот метеж со подземен сообраќај

Горан Наумовски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир