Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Од:

Сопственик на стан во Скопје избркал потстанарка затоа што била Ромка и им сметала на соседите еден ден после нејзиното уредно вселување.

До Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е поднесена претставка за сторена дискриминација врз основа на пол, раса, припадност на маргинализирана група, етничка припадност и семејна или брачна состојба во областа на домување и пристап до добра и услуги.

Според наводите од претставката, жената барала стан за нејзино подолготрајно сместување преку Агенција за недвижнини од Скопје.

„Ваботена во агенцијата и понудила стан во Влае, за кој се договориле подностиелката да го види. Притоа, наведено е дека сопственикот на станот им го отворил истиот, додека при неговото разгледување, подносителката била придружувана од семеен пријател.
Во продолжение на претставката е наведено дека подносителката изјавила дека станот и се допаднал уште при неговото разгледување, поради што со сопственикот склучиле договор за закуп на 13.10.2023 година, согласно кој подносителката на закуподавачот му платила една кирија депозит и уште половина кирија за тековниот месец, за закуп кој треба да започне на 15 октомври.

Подносителката како закупопримач се вселила во станот на 15 октомври, при што следната вечер околу 23 часот била исконтактирана од страна на закуподавачот кој и се обратил со следните зборови: „Мора да го напуштиш станот, се бунат останатите станари оти си ромка”.

Подносителката тврди дека ваквата изјава ја вознемирила, и одговорила дека нема каде да оди, била болна од дијабетис и прашала за причините, на што закуподавачот и одговорил дека има притисок од останатите станари да ја иссели“, стои во претставката.

Во продолжение на претставката е наведено дека денот по настанот, подносителката исконтактирала со агенцијата за недвижнини преку која и го склучила договорот за закуп, барајки образложение зошто мора да се иссели од станот, на што и било одговорено: „верувај дека новекот има многу голем притисок од комшиите, не те сакаат оти си ромка.”

„Подносителката тврди дека поради оваа таа се почувствувала дискриминирано и сфатила дека причината поради која таа не може да го искористи станот е нејзината етничка припадност:
Дополнително е наведено дека по наведените разговори, на скалилата од зградата се сретнала со сосетка која и рекла дека не знае за што се работи и дека не и пречи нејзиното присуство. Закупувачот го испочитувал договоренот ги вратил парите во двоен износ и ги покрил трошоците за исселување во восина од 8000 денари“, велат од Комисијата.

Од агенцијата за недвижности за Комисијата изјавиле дека сопственикот на станот дотогаш нем третирал никого нееднакво поради етничка основа, а во период од три години претходно издавал станбен простор на ромско семејство.

Сопственикот на станот рекол дека склучил договор со жената знаејќи дека е Ромка, но дека бил затекнат од барањето на соседите таа да се иссели.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, раса, етничка припадност и семејна или брачна состојба во областа на домување.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

A1on

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on