Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

Од:

Таткото кој бил спречен да го придружува своето дете во Универзитетската клиника за детски болести бил дискриминиран од болницата врз основа на пол, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

КСЗД утврди директна продолжена дискриминација врз основа на пол во областа на здравствената заштита, извршена од страна на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести, а претставката ја поднесе Македонското здружение на млади правници. Продолжената дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација.

„При хоспитализација на дете во ЈЗУ УК за детски болести Скопје, таткото е спречен во можноста да го придружува своето дете поради праксата на ЈЗУ УК за детски болести Скопје дека придружувањето на детето во текот на вечерта е дозволено само за мајката, а во случај на спреченост на мајката, истото е овозможено само за роднини на хоспитализираното дете од женски пол (баба, тетка, вујна стрина итн). Со дискриминација по основ на пол, освен таткото на малолетното дете, се соочуваат и други родители на малолетни деца кои имаат потреба од хоспитализација во ЈЗУ УК за детски болести Скопје“, стои во објаснувањето на комисијата.

Клиниката за детски болести се изјаснила со оправдување дека како здравствена установа располага со ограничен буџет, имаат ограничени ресурси и простории за работа, кои не дозволуваат физички односно во различни простории да се поделат децата кои се со придружник мајка и децата кои се со придружник татко.

Од страна на ЈЗУ УК за детски болести исто така наведуваат дека и во ваква ситуација кога болничките соби се сместени повеќе лица во придружба со нивните мајки, за мајките би било несоодветно во истата соба да биде сместено и возрасно лице од машки пол имајќи предвид дека во истите простории придружниците поминуваат повеќе денови па истите користат тоалет и се пресоблекуваат.

Единствена причина поради која евентуално би можело да се случи на родител-татко да не му биде дозволено да биде придружник на своето дете во нивната клиника е поради тоа што не е соодветно родители од различни полови заедно со своите деца да престојуваат во заеднички простории.

Во својата одлука, КСЗД посочува дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација се забранува секоја дискриминација врз која било дискриминаторска основа.

„Законот за здрваствено осигурување ја предвидува можноста детето да биде придружувано за време на долготрајна и краткотрајна болничка здравствена заштита, а терминот придружник се однесува и на машки и на женски пол. Согласно законот за здравствено осигурување, како членови на семејство на осигуреник, во смисла на овој закон се сметаат: брачниот другар и децата родени во брак, или вонбрак , посиновите, посвоените деца и децата земени на издржување. Бабата, вујната, стрината или други роднини на осигуреникот не се сметаат како членови на семејството.

Право на боледување за негување на болен член на потесно семејство над три годишна возраст но не повеќе од 30 дена, избраниот лекар може да го издаде само на членови на потесното семејството на осигуреникот ( брачниот другар и децата родени во брак или вон брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување). Ова значи дека од потесно семејство се исклучуваат родителите на осигуреникот , како мајка , татко, потоа баба , дедо , внуци , свекор, свекрва па затоа за нив лекар нема право да издаде боледување за нега“, велат од Комисијата.

КСЗД препорачува на ЈЗУ УК за детски болести во рок од 90 дена да ја отстрани дискриминаторската практика и да пронајде начин да овозможи услови татковците да ги придружуват своите хоспитализирани деца под еднакви услови и да имаат ист третман како и мајките на хоспитализираните деца како и да се воздржи во иднина од презермање на дискриминаторски дејствија врз основа на пол или било која дискриминаторска основа согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

СДСМ: Мора да има одговорност за починатото бебе на Детската клиника

Катерина Ѓуровски

Таравари потврди дека бебето кое почина било одбиено за хоспитализација на Детската клиника

Телото на починатото 14-месечно бебе е дадено на обдукција, Здравствениот инспекторат ќе ги проверува околностите за смртта

Бебето чија мајка почина на породување во кумановската болница е на респиратор и во тешка состојба

Катерина Ѓуровски

Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника

Предраг Петровиќ