Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Од:

Министерството за здравство информира дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата– Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.

– Оваа иницијатива е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти. Министерството за здравство ја следи состојбата и по нормализирање на водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа, велат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките