Се вршат претреси во станови и куќи, полицијата се уште трага по експретседателот на Кривичниот суд Панчевски

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на повеќе локации трагаат по поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.

Имено, откако по судска наредба за приведување, полицијата не го пронашла Панчевски во неговиот дом и не бил лоциран, се трага по него.

На Панчевски судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.

Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари