Се води предистрага за Рустеми, извршен е и распит на поднесителот на кривичната

Од:

Скопското обвинителство води предистражна постапка за обвинителот Бурим Рустеми, посочија оттаму за „А1он“. Според нив, веќе е направен и распит на адвокатот Мерџан Даути, бранител во случајот „ТНТ“ и подносител на кривичната пријава. Детали не се откриваат, за тоа, што стои во неа. Неофицијално, поврзана е со сопрена истрага од Рустеми која се водела против Ардијан Амозски, сопственик и управител на „Фине ДОО“ фирма која го гради комплексот „Космос“.

„Предметот за кој покажувате интерес е во фаза на предистражна постапка. Кривичната пријава до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кон крајот на септември и надлежен јавен обвинител постапува за проверка на наводите во пријавата. Со таа цел извршен е распит на подносителот на пријавата. По утврдување на фактите, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Предметот кој го води Обвинителството е една од причината поради што е побарано изземање на обвинителот Бурим Рустеми во случајот „ТНТ“. Обвинетата Елисавета Најдовска му посочи на Обвинителството и Кривичниот суд дека против Рустеми се води постапка. За Кривичниот суд и судијата Огнен Ставрев, таа наведува дека постапува по желбите на Рустеми и ги прифаќа само доказите кои обвинителот ги смета за важни.

Судот, одлучи да го одбие барањето за изземање на обвинителот Бурим Рустеми.

Би можело да ве интересира

Одложено рочиштето за предметот „Т.Н.Т.“

Катерина Павлова-Николовска

Девет часа „ТНТ“: Адвокатите тврдат вештакот работел за Цановски, Рустеми вели лажат

Кристијан Ландов

Миле Јанакиески останува да се брани од слобода, Кривичен го одби барањето на Русковска

Кристијан Ландов

Обвинета во „ТНТ“ бара изземање на обвинителот Рустеми со тврдење дека против него се води истрага по кривична пријава

Кристијан Ландов

Уште неослободен, Русковска бара Јанакиески повторно да оди во притвор

Кристијан Ландов

Укинат куќниот притвор на Миле Јанакиески

А1он