Обвинета во „ТНТ“ бара изземање на обвинителот Рустеми со тврдење дека против него се води истрага по кривична пријава

Од:

Поради поднесена кривична пријава и истрага која се води против Бурим Рустеми, но и сомневање во неговата пристрасност, обвинетата Елисавета Најдовска бара изземање на обвинителот во предметот ТНТ. Со назнака „итно“, барањето е доставено до Обвинителството и Кривичниот суд. Во истиот поднесок, се посочува и дека судијата Огнен Ставрев постапува по желбите на Рустеми и ги прифаќа само доказите кои обвинителот ги смета за важни. За Најдовска, преку поднесокот кој го достави адвокатот Мерџан Даути, ова е крајна повреда на Законот за кривична постапка.

dobivaj vesti na viber

„До Обвинителството во Скопје е заведен предмет против Бурим Рустеми во својство на јавен обвинител и Катица Јанева поранешен специјален јавен обвинител при поранешното СЈО за отворена истрага, прибирања на потребни известувања, презентација на докази и факти за сторено кривично дело од страна на обвинителите за кого бараме да се изрече мерка претпазливост. Во врска со кривичната пријава од наша страна, а по барање на Обвинителството, доставивме докази и факти на ден 14.10.2021 година, дека двајцата обвинители постапиле спротивно на Законот за СЈО со намера да нанесат штета и да ги повредат правата на оштетените Тони Трајковски поранешен градоначалник на Гази Баба и Елисавета Најдовска во својство на инспектор“, се вели во барањето за изземање, со кое истовремено обвинетата бара Рустеми да добие и забрана за преземање на работни активности поврзани со обвинителската функција.

Според Даути, адвокат на Најдовска, обвинителот Рустеми сака да ја забрза постапката со што прави штета на законските начела во постапката, што е дополнителна причина наведена во барањето за изземање.

„А1он“ се обрати до Обвинителството за предметот кој го посочи одбраната на Најдовска, а кој како што посочија се води против Рустеми, од каде кажаа дека ќе испратат информација во најкус можен период.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судска пресуда за рушењето на „Космос“, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Адвокатот на Груевски за уривањето на „Космос“: Треба да биде ослободен, не сторил ништо

Кристијан Ландов

Одложено рочиштето за предметот „Т.Н.Т.“

Катерина Павлова-Николовска

Девет часа „ТНТ“: Адвокатите тврдат вештакот работел за Цановски, Рустеми вели лажат

Кристијан Ландов

Миле Јанакиески останува да се брани од слобода, Кривичен го одби барањето на Русковска

Кристијан Ландов