Се уште гори во Струмица

Од:

Се уште е активен пожарот во Струмица. На само неколку метри од куќите во близина на Tурското маало во Струмица избувнал пожар кој брзо се шири.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во моментов екипите на противпожарната заштита од Струмица се на терен и интервенираат во гаснењето на овој пожар кој ја зафати боровата шума над градот.

Нема информации за досегашната штета и дали има повредени.

Активен е и пожарот во кривопаланечко Градец кој се реактивираше. Во гаснењето на овој пожар во интервенираат противпожарни екипи и
Шумското стопанство од Крива Паланка. Неколку пожари во Македонија се локализирани. Локализиран е пожарот меѓу селата Горничет и Ума во Гевгелиско, каде гори нискостеблеста и дабова шума.

Попладнево повторно е активиран пожарот во гостиварското село Лакавица, на потегот кон месноста Митрови Крсти.

Локализирани се и пожарите во селата Стрима, Билјаново и Долно Коњари, Кумановско, општината Петровец кај Катланово, селата Сиричино и Туденце, општина Јегуновце.

Би можело да ве интересира

Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра

Горат најмалку три сплавови на Ада Циганлија во Белград

Градоначалникот предупреди на загаден воздух по пожарот во Радовиш

(ВИДЕО) Пожар во Москва, гори позната туристичка атракција

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба