Се струполи коњ на фреквентен пат поради преоптовареност

Од:

Драма се случуваше доцна синоќа на асфалтот пред месноста Маренски уши. Поради преголем товар се лизна и падна коњ на патот Неготино – Кавадарци.

Ветеринарниот лекар Светомир Милошевиќ случајно минуваше оттаму и застана да помогне.

-Јас сум од Кавадарци, но се враќав од демиркапиското село Бистренци. Имаше таму некоја слава. Со алишта и стока го натоварив коњот Мартин. Што да правам, на тоа ме тера сиромаштијата, рече сопственикот.

На патот, иако фреквентен, никој друг освен ветеринарот Милошевиќ не застана да помогне, ниту да праша што е проблемот. Со светла од мобилните телефони тој успеа да го отплетка коњот, во исто време сигнализирајќи наоколу за да не налета случајно некое од возилата.

Штом се исправи и застана на нозе, коњот веднаш почна да јаде од гранките наоколу.

Милошевиќ апелира до сите кои имаат животни, да бидат внимателни со нив, совесно и одговорно да ги чуваат.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење