Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи, предупреди докторот Пановски

Од:

Доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами во кои е злоупотребен неговиот лик и име за промоција на различни производи.

Тој потенцира дека никогаш не рекламирал, ниту ќе рекламира каков било производ и дека сите такви содржини се измислени.

„Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во последно време и видеа – сè е тоа злоупотреба. Ако има интервју – тоа е измислено. Не купувајте го тоа ѓубре“, напиша Пановски.

Тој ги повика граѓаните да не купуваат, како што вели, „лажни препарати“ и да не ги „богатат криминалците“, нагласувајќи дека државата досега не презела соодветни мерки за заштита од ваквите злоупотреби.

„Државата со прст не мрдна да нè заштити. Злоупотребата продолжува“, вели Пановски.

На крајот, тој апелира до граѓаните да ја споделат неговата порака и секое видео или реклама со неговиот лик да ја пријават како лажна.

„Не купувајте, а ако сте купиле – фрлете го“, порачува д-р Пановски.

Би можело да ве интересира

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

A1on

Министерот за здравство ги покани Даниловски, Пановски и Марковски да бидат дел од Комисијата за заразни болести

Катерина Ѓуровски

Пановски до вакцинираните со една доза: Не влегувајте во објектите во кои власта ви дозволува да влезете

Катерина Ѓуровски

Д-р Пановски: Во првите три недели оние кои се вакцинираа треба да се пазат повеќе отколку до сега

Мери Јордановска

За 58.000 дози намалена употребата на „сумамед“ и „панцеф“, Пановски задоволен што престанало непотребното давање антибиотици

Маја Илиевска-Пачемска

Пановски: Одиме на подобро, да не ја расипуваме работава на крај