За 58.000 дози намалена употребата на „сумамед“ и „панцеф“, Пановски задоволен што престанало непотребното давање антибиотици

Од:

Вкупно 58.000 дози помалку „сумамед“ и „панцеф“ биле издадени на рецепт во декември во споредба со ноември, минатата година. Податоците на „Фејсбук“ ги објави микробиологот и професор, Никола Пановски, кој изминативе неколку месеци постојано апелираше да не се даваат антибиотици непотребно.

„Бројот на реализирани рецепти преку ФЗОМ на азитромицин (сумамед) е намален за 48.000, а на цефиксим (панцеф) за 10.000 во декември во однос на ноември 2020. Број на реализирани рецепти на азитромицин: септември 18618, пропишани на 11963 осигуреници, октомври 42414, за 25570 осигуреници, ноември 70115 рец, 41055 осиг и декември 22575 рецепти за 14656 осигуреници. Ништо страшно не се случи со практикување на медицина базирана на докази, напротив, пациентите се заштитени од непотребно давање на антибиотици, од двојни токсични дози на азитромицин. Според пресметките на ФЗОМ, само за декември заштедени се околу 200.000 евра од азитро и цефиксим. Најмалку уште толку останале во џебот на граѓаните кои инаку би ги купиле овие лекови“, стои во објавата на микробиологот Пановски.

Тој е благодарен за поддршката во неговите напори да престане непотребната и прекумерна употреба на антибиотици, посебно на тимот од Фондот за здравствено осигурување, а благодарен е и на оние кои не го поддржале и не помогнале оти докажал дека и без нив се можни промени.

„Благодарност до м-р Кристина Христова и нејзиниот тим од ФЗОМ, до сите колеги и пријатели за поддршката, до ’Фејсбук’, печатените и електронските медиуми. Задоволен сум зошто ова е доказ дека некои крупни работи можат да се постигнат и без помош на МЗ, ЛКМ,МЛД, бројни специјалистички здруженија, на кои им благодарам што иако не помогнаа, не одмогнаа“, вели Пановски.

Пановски укажуваше дека на пациентите заболени од Ковид – 19 им се даваат премногу лекови и укажа дека комбинација од „сумамед“ и „панцеф“ со „моксирал“, како што на некои пациенти им било прoпишано, не би можел да издржи ниту здрав атлета.

На почетокот на ноември тој алармираше дека за само 17 дена биле издадени рекордни 60.000 рецепти за „панцеф“ и „сумамед“. Тоа е предиот во кој дневно имаше по околу 1000 новозаболени, а во аптеките се издаваа дневно по 3.520 пакувања од овие два антибиотика.

 

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Реакција на Ирина Пановска Ставридис на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски