Д-р Пановски тврди дека пациентите позитивни на Ковид-19 се трујат со лекови повеќе од потребното

Од:

Микробиологот Никола Пановски тврди дека на пациентите позитивни на Ковид-19 им се препишуваат премногу лекови, кои дури ни здрав атлета не би можел да ги издржи.

Тој на Фејсбук објави терапија која му била дадена на пациент позитивен на Ковид-19, чиј идентитет не го откри, но вели дека доаѓа од регион во Македонија каде смртноста од Ковид е трипати повиска од просекот кај нас, а таму ова била стандардна терапија.

„Пациентот е со ЦРП 1,5, леукоцити 3,5, и се друго е во нормала освен покачени д димери 850. РТГ – понагласена бронхијален цртеж долу десно. Терапија: Панцеф, 10 дена, Сумамед 6 дена, Моксирал 10 дена, тоа од антибиотици, друго: ампули Nevaxon, Aminophyllinum, Novalgetol, Urbason, Famotidin, Clexan, се тоа да се прима два пати на ден, инфузија NaCl, и уште 3 суплементи во таблети“, напиша доктор Пановски.

Вкупната цена на сите лекови пациентот го чинела 7.000 денари.

Пановски нагласува дека сумамед се пие три дена и никогаш не се комбинира со моксирал, бидејќи спектарот им се преклопува, а случајот на пациентот кој го објави немало индикации за антибиотик, бидејќи немал пневмонија.

За другите лекови Пановски не коментира, но вели дека не разбира зошто се даден,и освен клексанот.

Пановски бара Министерството за здравство да го преведе протоколот за лечење од Хрватска, бидејќи тој бил добар.

„Едуцираните и совесни матични лекари и оние од секундарното ниво на здравствена заштита се под невиден притисок од пациентите да се приклучат кон ова лудило и епидемија од полипрагмазија. Штетата е огромна во секој поглед, па и во смисла на смртноста“, вели Пановски.

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење