По повеќе од седум години во скопската Зоолошка градина се испили белоглав орел. Во останатите три гнезда има јајца, но не се знае дали ќе се испилат.
– Ова е првиот подмладок од 2006 година. Дотогаш во Зоолошката секоја година имаше принова. Претпоставките се дека за тоа се виновни климатски промени, бидејќи не се испилил ниеден ни на ниво на Балкан, поточно во репродуктивните центри во Бугарија и во Србија – изјавил Биологот Јорданчо Милошевски за Дневник.
Белоглавите орли се заштитен вид во Република Македонија.
ФОТО: РТВ СЛО