Се реконструира мост на Луда Мара во Кавадарци

Од:

Општина Кавадарци започна со реконструкцијата на главниот мост на реката Луда Мара во центарот на градот. Одлуката за санација беше донесена минатата година од Советот на општината, откако во сообраќајна незгода беше оштетена оградата на мостот.

– Мостот е граден во педесетите години на минатиот век, а во шеесетите е доградуван и обновен. Тогаш се проширени двете пешачки патеки во сегашната форма. Сегашната статика на мостот е добра за што доказ е фактот што мостот има издржано неколку поплави. Се работи за симболот на градот, поврзан со многу историски случувања во последните шеесетина години, изјави градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

Нагласи дека целосно ќе биде заменета оградата, а мостот ќе добие и ново подобро осветлување.

Инвестицијата е во вредност од два милиона денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење