Се реконструира Детскиот креативен центар

Од:

Детскиот креативен центар при МКЦ во Скопје се реконструира со средства од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, преку Проектот “Со читање до лидерство“ кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор“, покрај градежнореконструктивните зафати, Детскиот креативен центар ќе биде опремен со современи содржини за унапредување на јазичната и математичката писменост кај учениците од почетните одделенија, една, од главните цели на Проектот.

Библиотека за најмладите ученици, математичко катче, ликовно и театарско катче, мултимедијални дидактички помагала…, се само дел од содржините кои ќе ги нуди центарот. Тие ќе се достапни на учениците, кои, заедно со своите наставници и родители ќе можат низ игра да научат многу нови работи и секако, да се забавуваат. Според планот, кон крајот на месецот август, реновирањето и опремувањето ќе бидат целосно завршени.

“Новиот” Детски креативен центар, ќе биде свечено отворен во првата половина на септември. Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’, сите активности ги подготвува и спроведува во соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар. Активностите се спроведуваат во одбрани училишта од сите региони во Македонија.

Би можело да ве интересира

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

МКЦ: Малициозно е да се потценува трудот на шанкерите, понекогаш работат и по 12 часа, служат по 2000 луѓе

Маја Илиевска-Пачемска

МКЦ: Директорот Ванчо Богоев беше сменет оти не потпиша вработување за Бени Шаќири

A1on

Шилегов: Нема да дозволиме некој од МКЦ да направи Расадник

А1он

Жбогар и Жерновски: Чекориме заедно со младите европјани

Уметниците до Заев: Не ни го носи Бени Шаќири за директор на МКЦ

Предраг Петровиќ