Се реконструира делница од Возарци кон ХЕЦ „Тиквеш”

Од:

Се реконструира делница од патот од кавадаречкото село Возарци кон браната ХЕЦ „Тиквеш”, а увид во работите на терен денеска направи градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

Активностите се дел од редовната општинска комунална изградба.

Според Панов, ревитализацијата е значајна за сопствениците на над 2,5 илјади викендички во викенд населбата покрај Тиквешкото Езеро, но и за развојот на алтернативниот, планинскиот и езерскиот туризам.

Градоначалникот информираше за финансиите кои преку Европската комисија се донирани во Кавадарци во висина од 260.000 евра и за проектите кои влегуваат во таа финансиска конструкција.
– Одговоривме на неколку барања на жителите од урбаните и месните заедници. Во договор со неформалната месна заедница на викенд населбата, изготвуваме и урбанистички планови. По нивно завршување, подготвени сме да пристапиме и кон асфалтирање и уредување на патната инфраструктура во населбата, информира Панов и додаде дека на Тиквешко има убави куќи со голема вредност, понекогаш поголема и од таа во градот.

Согласно проектот, се работи на коловозна лента широка 5,5 метри. За оваа намена Општината ќе потроши четири милиони денари. Парите се обезбедени со договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската комисија меѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски