Се регулира коритото на реката Луда Мара во Кавадарци

Од:

Општина Кавадарци, преку донација, во соработка со неколку општествено одговорни фирми, реализира проект за расчистување на дел од регулираното коритo на реката Луда Мара, кај спомен паркот „12 Ваташки младинци“.

-Ангажираната градежна механизација работи на расчистување на коритото од речен нанос и диво обрасната вегетација. Со овој проект се опфатени 900 метри од регулираното корито на реката, каде има постојна шкарпа, како и повеќе каскади изградени во шеесеттите години од минатиот век, појаснуваат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму додаваат дека овој зафат, има за цел расчистување и разубавување на тој дел од спомен паркот „12 Ваташки младинци“, а воедно е продолжение на активностите на општината од минатите две години, во делот на екологијата и хортикултурното уредување.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење