А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Се разгорува битката за превласт меѓу кавадаречките пензионери: Ѓорѓи Лазов против Ристо Анѓушев

by А1он16/09/2020 - 15:40599
Share0

Размислуваме и за протести ако во најскоро време не се распишат избори за ново раководство на Здружението на пензионери од Кавадарци, со оглед на тоа што мандатот на старото раководство е истечен, а не се свикуваат нови избори. Ова денеска за МИА го изјави кавадарчанецот Ѓорѓи Лазов, 79-годишен пензионер и предводник на струјата за промени.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Постоеја два иницијативни одбора за свикување избори, кои сега се споија во еден и јас сум координатор за целата оваа работа. Ни пречи тоа што не се свикуваат избори и за тој проблем веќе алармиравме кај неколку надлежни субјекти. Сметаме дека најбрзо што може, треба да се изберат нови луѓе кои ќе го заменат нелегитимното раководство, нагласи Лазов.

Седумдесет и деветгодишниот Ристо Анѓушев пак, тврди дека е се уште легитимен претседател на Здружението.

-Лани ни заврши мандатот и требаше да има избори, но изборот на ново раководство го одложивме за една година, за да може да ги финишираме активностите што веќе подолго време ги имаме околу изградба на дом за стари лица. Оваа година требаше да има избори. Поради вонредната состојба како последица на пандемијата со вирусот Ковид-19, избори не можеа да се одржат. Затоа свикавме телефонска седница, на секој член од Собранието на Здружението на пензионери, му се јавивме телефонски и на тој начин се донесе одлука, продолжување на мандатот на избраните членови на Собранието, извршниот одбор и на сите избрани органи и тела од Здружението, на неопределено време. Се додека не се создадат услови за нови избори. Затоа што ако има избори, треба да одлучуваат 13 месни организации. А тоа не е мала бројка на луѓе кои треба да се соберат, а во сегашните услови на коронавирус такво нешто во затворен простор не може да се организира. Штом се создадат услови, ќе има и избори. Не знам зошто некому толку многу му се брза за избори, рече за МИА Анѓушев, појаснувајќи дека нема ограничување околу тоа колку мандати може да одработи едно раководство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ако повторно го кандидираат за претседател, тогаш ќе размислува дали сака нов мандат.

kavadarcipenzioneri

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Горан Наумовски26/08/2026 - 07:21

Секој петти граѓанин на Хрватска е официјално сиромашен

Горан Наумовски20/08/2026 - 21:42

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:35

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Горан Наумовски04/08/2026 - 09:56

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Горан Наумовски04/08/2026 - 08:22

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео