Се расчистува околината на Споменикот за 12 младинци во Ваташа

Од:

Општина Кавадарци спроведе акција за расчистување на околината на споменикот на 12 младинци кај Моклиште, во кавадаречкото село Ваташа.

– Во соработка со компанијата „Ја-Ми“ која донираше механизација, беа расчистени пристапниот пат од спојот на регионалниот патен правец до споменикот, потоа обраснатиот простор на платото кај споменикот, како и пешачката патека која води од споменикот до одморалиштето кај воденицата, велат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Во акцијата, додаваат, од обраснатите грмушки и наносите од земја беше расчистен и делот околу чешмата која се наоѓа на влезот.

Нагласуваат дека ова е само дел од активностите што ќе ги преземе општина Кавадарци во делот на уредувањето на најзначајниот споменик од историјата на НОБ во Ваташа и Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење