Интензивна фрекфенција денеска во СЈО. На распит кај специјалните обвинители дојде и поранешниот министер за култура Арифхикмет Џемаили . Тој како кадар на ДПА беше министер во периодот од 2007 до 2008.ма година.
Тој беше претходник на Елизабета Канческа- Милевска, во време кога беа почетоците на контроверзниот проект „Скопје 2014“.
За овој проект, СЈО има оформено предмет, и исказ даваше и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Тој изјави дека предметот сега се наоѓа во вистински раце.
Заради тајноста на предистражната постапка, СЈО не открива детали ни кого викнале ни зошто се викнати во СЈО.