Се очекува „Ер трактори“ да се вклучат во гаснењето на пожарот на Огражден, на границата со Бугарија

Од:

Пожарот што избувна пред четири дена на планината Огражден, над селото Бадилен, на територија на општина Ново Село, на границата со Бугарија, се уште е активен и покрај напорите за негово гаснење од воздух и земја.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за попладнево најавија дека авионите за гаснење пожари „Ер трактори“ треба се упатат кон пожарот на планината Огражден.

„Се очекува по повлекувањето на двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од планината Серта, заради исполнети 3,5 часа активно летање и дејство, по двочасовна пауза за полнење гориво, но и мини технички преглед, да се упатат за гаснење на пожарот на Огражден, во Општина Ново Село. Во текот на денешниот ден се дејствува и со пожарникари и други сили, но ограничено, поради тешко пристапниот терен“, информираа од ЦУК.

Вчера и завчера пожарот го гаснеа хеликоптери на МВР и АРМ, заедно со 10 пожарникари од ТППЕ Струмица, членови на Ловното друштво „Елен“ од Ново Село и локалното население.

Според информации од ТППЕ Струмица, пожарот зафатил околу 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума.

Пожарот засега се контролира од бугарската страна на границата, каде теренот е попристапен. Таму може да се движи теренско противпожарно возило.

Би можело да ве интересира

Денеска има рекорден број на пожари во еден ден низ Македонија

Горан Наумовски

Уапсен e маж кој подметна шест пожари во близина на Солун за четири дена

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни

Горан Наумовски

Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, евакуирани се 22.000 луѓе

ЦУК предупредува: Многу висок FWI попладнево носи зголемен ризик од шумски и отворени пожари