Се градат мостови меѓу ученици од општините Штип и Теарце

Од:

Ученици од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ и од училиштето „Исмаил Ќемали“ од Општина Теарце денеска се дружеа, натпреваруваа, но и ги посетија сите културно историски споменици во Штип, во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во обарзованието „Градиме мостови“, а финансиран од УСАИД. Директорот на ООУ „Исмаил Ќемали“ од Општина Теарце, Шпенд Шаќири вели дека денеска во Штип се 17 ученици и нивните професори.

– Да првпат сме овде во Штип, убаво ќе поминеме, а тоа и се гледа, бидејќи веќе се дружат децата и ќе имаме заеднички активности, вели Шаќири.

Директорот на ООУ „Гоце Делчев“- Штип, Трајче Димов вели дека овој проект овозможува зближување меѓу учениците од источна и западна Македонија, а за да почитуваат мораат и подобро да се запознаат.

– Сето ова ќе води кон тоа учениците подобро се запознаат, а и оваа и да не оди како проект, него ваквите настани да продолжат како традиција. Не мора некој да не организира за да го правиме тоа, туку самите да се организираме и да правиме што е можно повеќе вакви размени, вели Димов.

Седумнаесет ученици од штипското училиште „Гоце Делчев“ ќе ја возвратат посетата за две недели, каде што во селото Нерашта во Општина Теарца ќе се запонаат со животот, културата и верата на своите врсници.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски