Младите од различна етничка припадност jа исчистија Матка од отпадоци, дружејќи се и забавувајќи се заедно.Тоа го направија во организација на Движењето ЛЕАД, под мотото „В џеб, ако нема каде друго“.Ова беше втората од планираните седум акции за чистење на разни делови на Скопје и околината, во наредните седум месеци.
Ова е втор проект од втората фаза на Преоктот „В џеб, ако нема каде друго!“. Првата фаза се реализираше на Водно во текот на минатата година, се вели во соопштението на Движењето ЛЕАД.
Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.
Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација.