Се чисти мини дивата депонија кај Спомен Костурницата во Куманово

Од:

Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ денеска, по повод 5 Jуни, Светскиот ден на животната средина, организираше акција за расчистување на мини „дивата“ депонија, долж патот кај Спомен Костурницата.

Се расчистува сметот, а екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ го складираат и депонираат.

– Го одбравме овој локалитет за еко акција зашто, покрај тоа што ја отсликува историјата, е и убаво излетничко-рекреативно место, многу близу до градот и наша цел, а верувам и на нашите сограѓани, е да биде чисто и привлечно за сите кумановци, изјави Јусуф Љатифи од здружението „Кумановски акцијаши“.

Тој апелира граѓаните совесно да се однесуваат кон непосредната животна средина.

И наредните денови, членовите на Зздружението ќе работат на расчистување на неколку различни локации во градот. Повикаа сите да се приклучат кон акциите за почиста и здрава средина.

„Кумановски акцијаши“ секој викенд организира еколошки акции за расчистување локации во градот. Годишното мото на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина е „Поврзување на луѓето со природата“ и има за цел да ги потсети граѓаните да поминуваат повеќе време во природата, почитувајќи ја и грижејќи се за нејзино зачувување. Светскиот ден се одбележува во 140 држави во светот.

Би можело да ве интересира

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово