Се чисти депонијата во Бутел

Од:

Инспекторатот на Град Скопје во соработка со МВР, јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и јавното претпријатие „Улици и патишта“ денеска почнуваат акција за расчистување на дивата депонија во општина Бутел, информира Град Скопје, преку соопштение.

Депонијата беше лоцирана при вонреден инспекциски извршен на 26.07.2019 година. На лице место беше констатирано незаконско депонирање на комунален отпад, градежен шут и земја. За оваа дива депонија за првпат во историјата на Град Скопје е поднесена кривична пријава за неовластено фрлање смет врз основа на Кривичниот законик.“, се наведува во соопштението.

Акцијата на расчистување на дивата депонија и враќање на теренот во првобитна состојба почна денеска бидејќи не се пристапи со извршување на издаденото решение и рокот за расчистување од Градскиот инспекторат, а лицето против кое е поднесена кривична пријава ќе ги сноси трошоците за расчистувањето на дивата депонија, додаваат од Град Скопје.

Оттаму информираат дека засилените контроли на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период со цел спречување на несовесно постапување со отпадот и создавање на диви депонии кои ја загрозуваат животната средина.

Би можело да ве интересира

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

Орце Костов

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Чадот и смрдеата од запалената депонија кај Волковија се шират до Тетово и Гостивар

Катерина Ѓуровски

Втор ден гори депонијата Буково, непријатна миризба се чувствува во Охрид

Орце Костов