СДСМ: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова инспекторка за економски криминал во Кочани

Од:

Дали Христијан Мицкоски ја штити главната инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани – Кристина Јованова која морала да знае дека во дискотеката Пулс се случува економски криминал. Како е можно двајца полицајци кои минатата година ја казниле дискотеката поради нарушување на јавен ред и мир пишувајќи казна на неактивната фирма ДПТУ Класик ДМ ДОО на газда Деко да бидат дел од истрагата за Кочани, а главната и одговорна која била должна да провери која фирма сега раководи со деловниот објект да биде поштедена, праша на прес конференција Мартин Костовски од СДСМ.

– Зошто Јованова не проверила дали фирмата која била казнета има никаква економска активност? И ако проверила зошто тогаш соодветно не ја казнила компанијата „Мммм кафе дооел Кочани“ која стопанисувала со дискотеката Пулс кобната вечер. Дали Јованова земала дел од колачот на газда Деко? Како Јованова дозволила и натаму да работи „Мммм кафе дооел Кочани“ имајќи го во предвид фактот дека објектот само неколку месеци пред тоа бил казнет од страна на УЈП. Како е можно Јованова и раководството на МВР да дозволат со дискотеката Пулс која имала илјадници посетители секоја недела да стопанисува фирма со блокирана сметка која не може да обавува никаква економска активност? Ако фирмата има блокирана сметка тоа значи дека ги плаќала кон добавувачите, вработените и сите останати обврски нелегално со црни пари во кеш, рече Костовск и порача дека „се додека нема правда за жртвите на пожарот во Пулс, СДСМ нема да запре со „Вистината за Кочани“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка