СДСМ: Загадениот воздух и нечистата животна средина се единствено наследство од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Од:

Загадениот воздух и нечистата животна средина се единствено наследство од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, граѓаните пак ќе ги поразат нивните деструктивни политики, вели СДСМ во соопштение за јавноста.

“Периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје ќе остане запаметен како период на уназадување и уништување на квалитетот на живот во Град Скопје.

Криминалните проекти за задоволување на интересите на поединци, зад себе оставија нефункционален град, загаден воздух и нечиста животна средина како наследство од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците Петре Шилегов, Стефан Богоев како и сите останати градоначалници од редовите на СДСМ континуирано работат на обезбедување чист воздух и здрава животна средина.

Депониите за кои денеска ВМРО-ДПМНЕ лицемерно глуми загриженост, датираат од минатиот век, а единствено што ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници имаат направено за тој потег е што го „трупале“ со отпад и шут. Денес, тоа се менува и се презема конкретна акција.

Дополнително, постојано се засадуваат нови зелени површини како во општина Карпош, така и во сите општини во Град Скопје.

Граѓаните на Скопје ставија крај на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво. На 5 мај повторно ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска и ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател кој води заедно напред кон развој интеграција и напредок.”, се вели во соопштението

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он