СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави огромни штети во земјоделството

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги лажеше и манипулираше земјоделците, а нефунцкионалноста на институциите што зад себе ја остави резултираше со штети врз граѓаните, особено врз земјоделците.

Наместо да прикажува лажна загриженост и неосновано да обвинува, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто нивниот директор во А.Д Водостопанство дозволил цели 20 дена системот за наводнување во Росоман да биде во дефеткт и тоа во сезона кога е неопходно наводнување за да се добие подобар квалитет на праските ? Неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ им предизвика сериозни проблеми на овоштарите, кои денеска заради оваа и други причини кои влијаат на квалитетот на праските, не можат да го продадат своето производство по посакуваната цена.

СДСМ, преку новата Влада што ја предовди, активно ги решава напластените проблеми што ВМРО-ДПМНЕ им ги создаде на земјоделците. Производителите на праски ќе добијат 6 денари по килограм субвенција како помош од државата заради ниската откупна цена на праските.

Новата Влада оредводена од СДСМ, навистина се грижи за земјоделците и работи на зголемување на нивниот животниот стандард. Заврши времето на богатење на лажни земјоделци, на задоцнети субвенции и оштети, на закани и уцени кон вистинските земјоделци како што го правеше ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски