СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ побегна и од пратеничките прашања

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска избегаа од салата од собраниската седница наменета за пратенички прашања. По којзнае кој пат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат во Собранието, се потпишуваат за присуство и дневници, добиваат патни трошоци а потоа седат надвор од пленарната сала велат од СДСМ.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по инструкции од Христијан Мицкоски избегаа од салата и кога се гласаа Заклучоците со кои започнавме преговори со ЕУ на чист македонски јазик, претходно бегаа кога се гласаше Буџетот, бегаа кога требаше да се гласаат интерпелации кои самите тие ги поднесуваа, бегаа и кога се носеа важни закони за вакцинација, за мерки за граѓаните. Очигледно од ВМРО-ДПМНЕ се гласни само кога треба да се навредува, да се лажат граѓаните и кога треба да се бранат криминалците од белиот дворец. Секогаш кога се во прашање интересите на граѓаните и државата тие бегаат и се ставаат на погрешната страна од државните интереси, на погрешната страна на историјата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“