СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислуваат скандали, граничните служби се обврзани да ги пропуштат сите патници

Од:

„Фрустрирани од правдата и неселективното владеење на правото, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно однесување и во обид да ја манипулира јавноста, измислува случаи на злоупотреба, таму каде што нема.

Очигледно навикнати на времето кога државата се водеше од белиот дворец и кога Груевски по телефон поставуваше и разрешуваше судии, ВМРО-ДПМНЕ конструираат непостоечки случаи со цел да ја покријат спрегата на Орце Камчев и Христијан Мицкоски“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Портпаролот на Мицкоски, Димче Арсовски прво нека ја прочита одлуката за ограничување на движењето донесена од Владата, која предвидува сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Северна Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.

Значи нашите гранични служби се обврзани да ги пропуштат сите патници, државјани на Северна Македонија, кои ќе се затекнат на некој од граничните премини по 22:00 часот, без да има потреба од какви било укажувања.

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, нема што да понуди, освен измислици, манипулации, опструкции и лажни вести и затоа е поразувана од граѓаните и уште долго ќе биде во опозиција“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он